Македонија

Дојави за поставени бомби во неколку училишта низ Скопје

Дојави за поставени бомби во неколку училишта низ Скопје

Денеска беа примени дојави за поставени бомби во средните училишта „Димитар Влахов“, СУГС „Владо Тасевски“ – Скопје попознато како ПТТ и СУГС „Марија Кири – Склодовска“ попознато како Хемиско.

Надлежните институции се на терен, по што учениците и вработените се евакуирани од објектите.

Засега нема информации за повредени лица, а наставата е привремено прекината додека траат безбедносните проверки.

Од Министерството за внатрешни работи апелираат до граѓаните да останат смирени и да не шират непроверени информации, додека институциите работат на расчистување на случајот.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни