Балкан

Грчки државјанин од „бродот на смртта“ во 45-дневен строг карантин во Атина

Грчки државјанин од „бродот на смртта“ во 45-дневен строг карантин во Атина

Грчки државјанин кој се наоѓа на крузерот погоден од смртоносна епидемија на хантавирус, што предизвика меѓународна тревога, ќе биде ставен во 45-дневен карантин, објави грчкото Министерство за здравство.

Агенцијата посочи дека човекот ќе биде евакуиран од бродот „Хондиус“ и транспортиран со специјален лет на грчките воздухопловни сили.

Првично, ќе патува од Канарските Острови до аеродромот Ајндховен во Холандија.

Потоа тој ќе биде однесен во специјално опремена соба за негативен притисок во болница во Атина, каде што ќе остане под задолжителен карантин 45 дена, соопштија властите.

Мажот, за кој се вели дека има 70 години, е „во добра здравствена состојба и без симптоми“, соопшти министерството, цитирано од БГНЕС.

Тројца патници од бродот „Хондиус“, холандско семејство и една Германка, починаа, а други се разболеа од ретката болест, која обично се шири меѓу глодарите.

Не постои вакцина ниту специфичен третман за хантавирусот, кој е ендемски во Аргентина, од каде што бродот исплови во април.

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни