Управата за хидрометеоролошки работи информира дека денес и утре ќе преовладува нестабилно време, со локални врнежи од дожд, грмежи и можност за појава на невреме.
Во попладневните часови се очекуваат поинтензивни временски процеси, кои на одделни места ќе имаат карактер на невреме, проследено со обилен пороен дожд, силни електрични празнења, засилен ветер со брзина над 60 km/h, како и услови за појава на град.
Во Скопје, претпладне времето ќе биде сончево, но во попладневните часови се очекува нестабилност во делови од котлината, со пороен дожд, засилен ветер и грмежи, краткотрајно во форма на невреме.
Од надлежните апелираат на претпазливост при движење и следење на временските предупредувања, особено во периодите на засилена нестабилност.