Свет

ВИДЕО Путин отиде со автомобил до хотел во Москва за да ја земе својата учителка на вечера

ВИДЕО Путин отиде со автомобил до хотел во Москва за да ја земе својата учителка на вечера

Во понеделник навечер, Кремљ објави видео на кое се гледа како претседателот Владимир Путин сам вози автомобил до центарот на Москва, каде што се среќава со својата поранешна учителка и ја кани на вечера во Кремљ.

 

Видеото го прикажува Путин на возачкото седиште на неговиот луксузен автомобил при пристигнувањето во хотел во областа Арбат во Москва.

Рускиот претседател, облечен неформално и со букет цвеќе во рака, се сретнал со својата поранешна учителка Вера Гуревич во фоајето на хотелот, пренесува Ројтерс.

Според портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, Владимир Путин ја поканил Гуревич во Москва за парадата по повод Денот на победата во Втората светска војна на Црвениот плоштад на 9 мај, а таа била сместена во хотел во центарот на Москва.

Путин бил забележан и како разговара со еден маж во фоајето на хотелот, кој изјавил дека пристигнал од Сочи за празнувањето на Денот на победата.

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни