Македонија

Четири лица приведени, а со едно извршен службен разговор – вкупно девет пријави за семејно насилство во последното деноноќие!

Четири лица приведени, а со едно извршен службен разговор – вкупно девет пријави за семејно насилство во последното деноноќие!

На 18.05.2026 во 14:00 часот во СВР Скопје, 57-годишен маж од Скопје пријавил дека на 17.05.2026 околу 23:30 часот во семејниот дом, по претходна расправија бил физички нападнат од неговата 46-годишна сопруга.

На 19.05.2026 во 10:30 часот во СВР Тетово, 43-годишна жена од Гостивар, со престој во Тетово, пријавила дека нејзиниот поранешен вонбрачен партнер М.Д.(50) од Крива Паланка, во повеќе наврати упатувал закани по нејзиниот живот, а на 18.05.2026 во периодот од 21:00 до 23:00 часот преку мобилна апликација испратил повеќе гласовни пораки со закани.

На 19.05.2026 во 13:30 часот во СВР Тетово, 66-годишна жена од Тетово пријавила дека на 18.05.2026 околу 20:00 часот во семејниот дом, нејзиниот сопруг Ј.Д.(73) ѝ упатил закани со нож.

На 19.05.2026 во 19:15 часот, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода С.Д.(70) од Велес, постапувајќи по претходна пријава од неговата 69-годишна сопруга дека физички ја нападнал пред семејниот дом. По преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,59 промили алкохол во крвта.

На 19.05.2026 во 12:30 часот во СВР Велес е извршен службен разговор со А.З.(36) од Велес, постапувајќи по претходна пријава од неговата 37-годишна поранешна сопруга дека не го почитувал решението од Основен суд Велес со изречени привремени мерки за забрана да ја малтретира, вознемирува, телефонира, контактира или на друг начин директно или индиректно комуницира со пријавителката, односно дека преку мобилен телефон на нивните малолетни деца и неговиот мобилен телефон воспоставувал индиректна вербална комуникација со неа и ја вознемирувал.

На 19.05.2026 во 13:40 часот во СВР Куманово, 51-годишна жена од Куманово пријавила дека подолг временски период нејзиниот девер Н.Л.(61) психички ја вознемирувал и ѝ се заканувал.

На 19.05.2026 во 16:45 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Б.С.(53) од Куманово затоа што физички ја нападнал неговата 30- годишна ќерка.

На 19.05.2026 во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода Н.Р.(27) од Охрид, постапувајќи по претходна пријава од неговата 25-годишна сестра дека, поради должничко-доверителски односи, агресивно се однесувал и со остар предмет се заканувал на неа, нејзиниот брат и баба.

На 20.05.2026 во 06:00 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода А.И.(41) од Струмица, постапувајќи по претходна пријава дека околу 03:00 часот во Струмица, по кратка расправија, физички ја нападнал неговата 24-годишна вонбрачна сопруга. Лицето е задржано во СВР Струмица и за настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица.

Се преземаат мерки за расчистување на случаите и по нивно целосно документирање против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни