Мечка била снимена како трча по улицата „Македонска фаланга“ во близина на Градскиот парк во, а видеото брзо се прошири на социјалните мрежи и предизвика вознемиреност кај граѓаните.
Станува збор за поголемо мече кое, според снимките, трча по коловозот додека зад него се движи автомобил. Настанот најверојатно се случил синоќа.
Локацијата каде што е забележано животното е една од пофреквентните во градот, во близина на Градскиот парк, Средното медицинско училиште, Техничкиот факултет и средношколскиот дом „Мирка Гинова“.
Од СВР Битола потврдија дека случајот е пријавен, додека градоначалникот информираше дека се известени сите надлежни институции, меѓу кои Центарот за управување со кризи, МВР и инспекциските служби.
Според информациите, деновиве имало повеќе пријави за мечка во селата Трн, Оптичари, Поешево и Егри, како и во околината на градскиот парк.
Мечката е заштитен вид и нејзиниот отстрел е забранет со закон, освен во случаи кога надлежните институции ќе проценат дека претставува опасност за луѓето и имотот.