Магазин

Како да се заштитите во случај на земјотрес?

Како да се заштитите во случај на земјотрес?

По регистрираниот земјотрес во земјава, повторно се апелира граѓаните да бидат подготвени и да ги знаат основните правила за заштита при сеизмички потреси.

Најважно е луѓето да останат смирени и да реагираат правилно во првите секунди од земјотресот, бидејќи токму тогаш се случуваат најмногу повреди.

Во случај на земјотрес, се препорачува веднаш да се заземе позиција да се клекне, да се заштити главата и вратот и да се остане под стабилна маса или до внатрешен ѕид.

Граѓаните не треба да користат лифт, ниту да излегуваат на скали додека трае потресот. Најголем ризик претставуваат паѓање на предмети, стакло и нестабилен мебел.

Ако лицето се наоѓа надвор, се препорачува да се оддалечи од згради, балкони, електрични столбови и дрвја, и да остане на отворен простор додека не престане тресењето.

Исто така, треба да се очекуваат можни последователни потреси.

Се апелира граѓаните да имаат подготвен план за итни ситуации, како и основен комплет со вода, храна и прва помош.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни