Собранието на општина Улцињ ја дополни Одлуката за комунален ред па така лицето кое со костим за капење или без дел од облека ќе биде затекната надвор од зона за капење, ќе добие парична казна од 150 до 500 евра.
Во одлуката се истакнува дека новите правила за однесување се воведуваат поради заштита на комуналниот ред, достоинството на градот и уредениот изглед на јавните површини.
„Заради заштита на комуналниот ред, достоинството на градот и уредениот изглед на јавните површини, забрането е движење во костим за капење или без дел од облеката на јавни површини и населби од градски карактер, приградски населби и во туристичките локалитети на територијата на општина Улцињ освен во зоните за капење – плажите и непосредниот брег наменети за капење“, се наведува во одлуката.
За прекршување на правилото е предвидена казна од 150 до 500 евра, пренесува подгорички „Вјести“.
Меѓутоа, не е наведено кој и на кој начин ќе одлучува и од што ќе зависи дали казната ќе изнесува, 150, 300 или 500 евра.