Македонија

85-годишна жена загина во пожар во куќа во Пинтија

85-годишна жена загина во пожар во куќа во Пинтија

Во ноќните часови во скопската населба Пинтија се случи трагедија, кога во пожар во семејна куќа животот го загуби 85-годишна жена.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 28.05.2026 година во 01:48 часот во СВР Скопје било пријавено дека избувнал пожар во куќа во која живееле мајка и ќерка, сопственост на 45-годишната С.К., а во која престојувала и нејзината 85-годишна мајка М.В.

Од здобиените повреди во пожарот, постарата жена починала на самото место, а смртта ја констатирал лекар од Итната медицинска помош.

Пожарот бил изгаснат од страна на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а надлежните служби во текот на денот ќе извршат увид за утврдување на причините за избувнување на огнот.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни