Свет

ДРОН УДРИ ВО СТАНБЕНА ЗГРАДА ВО РОМАНИЈА: Евакуирани 70 станари, експлозивот активиран при ударот

ДРОН УДРИ ВО СТАНБЕНА ЗГРАДА ВО РОМАНИЈА: Евакуирани 70 станари, експлозивот активиран при ударот

Силна експлозија ги вознемири жителите на романски град, откако беспилотно летало удри директно во станбена зграда. Како резултат на инцидентот, надлежните служби итно евакуираа вкупно 70 лица од објектот, јавуваат локалните медиуми.

Експертските тимови на Романската разузнавачка служба (SRI) веднаш излегоа на терен и по извршените проверки потврдија дека експлозивното полнење на дронот се активирало во моментот на самиот удар во зградата.

„Од таа зграда се евакуирани вкупно 70 луѓе. Нема други дополнителни проблеми, а по проверките спроведени од експертите на Романската разузнавачка служба, утврдено е дека експлозивното полнење на дронот експлодирало при самиот удар. Во зависност од проценката на специјализираните тимови, ќе се донесе одлука кога станарите ќе можат да се вратат во своите домови“, изјави Сион Каталин, претставник на романскиот Инспекторат за вонредни состојби (ISU).

Обезбедено алтернативно сместување, улиците преплавени со остатоци

Романската служба за вонредни ситуации соопшти дека за сите 70 евакуирани граѓани веднаш е обезбедено соодветно алтернативно сместување. Сепак, според првичните информации, досега никој од станарите нема побарано да го искористи овој привремен смештај, бидејќи најверојатно се згрижени кај блиски и роднини.

Поради силниот удар, околните патишта и улици се блокирани и прекриени со скршено стакло и расфрлани парчиња од изгорените делови на дронот. Екипите на противпожарната заштита и полицијата остануваат на терен, додека специјалните единици вршат детална истрага за потеклото и видот на беспилотното летало.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни