Свет

Прва реакција на НАТО откако руско беспилотно летало удри во зграда во Романија

Прва реакција на НАТО откако руско беспилотно летало удри во зграда во Романија

Откако руски дрон што удри станбена зграда во центарот на романскиот град Галаци, се огласи и НАТО.

Портпаролката на Алијансата, Алисон Харт, изјави дека генералниот секретар Марк Руте е во контакт со романските власти и дека НАТО ја осудува „руската неодговорност“.

Во порака објавена на социјалната мрежа X, портпаролката подетално го објасни ставот на Алијансата.

„Утрово, дрон удри станбена зграда во Романија, во контекст на руските напади врз украинската инфраструктура во близина на границата. Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, е во контакт со романските власти. Ја осудуваме неодговорноста на Русија. НАТО ќе продолжи да ја зајакнува својата одбрана од сите закани, вклучително и оние од беспилотни летала“, се вели во соопштението.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни