Македонија

Топло време и оваа седмица, попладне можни невремиња со град

Топло време и оваа седмица, попладне можни невремиња со град

Сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирано краткотрајно невреме со појава на град. Максималната температура ќе биде во интервал од 27 до 35 степени.

Времето и метеоролошките параметри за Скопје: Сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Попладне во делови од котлината ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. T=32°C. P=983hPa. U=38%. V=3m/s.

НАЈАВА: Во текот на новата седмица ќе се задржи топло време. Претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Поради големата енергија во атмосферата наместа ќе има услови за поинтензивни процеси со пообилен пороен дожд и изолирано невреме со појава на град.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни