Македонија

Измени во Изборниот законик: Работната група ги финализира реформите, законот во процедура по 12 јуни

Измени во Изборниот законик: Работната група ги финализира реформите, законот во процедура по 12 јуни

Работната група за реформи во изборното законодавство денеска ја одржа својата седма седница, на која беа детално анализирани предлозите, мислењата и забелешките доставени од сите клучни чинители во општеството.

Како што соопштуваат од Министерството за правда, во процесот на подготовка на измените на Изборниот законик активно се вклучени надлежните институции, политичките партии, граѓанските организации и другите засегнати страни.

Фокус на препораките на ОБСЕ/ОДИХР

На денешниот состанок бил потврден досегашниот напредок во усогласувањето на домашната регулатива со меѓународните стандарди.

„Членовите на Работната група водеа интензивна и конструктивна расправа за повеќе прашања кои директно влијаат врз транспарентноста, интегритетот и кредибилитетот на изборниот процес“, се наведува во официјалното соопштение на министерството.

Од Правда дополнуваат дека целиот процес се одвива во конструктивна атмосфера, со висок степен на професионалност, дијалог и заедничка одговорност за унапредување на демократските стандарди во државата.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни