Македонија

Министерството за здравство ги проверува сомнежите за злоупотреба на листите за чекање

Министерството за здравство ги проверува сомнежите за злоупотреба на листите за чекање

Министерството за здравство истражува можни злоупотреби со листите на чекање за хируршки интервенции, соопшти денеска министерот Азир Алиу. Како пример, тој посочи случаи каде пациенти биле неоправдано враќани за нови крвни анализи, кои потоа се покажувале како уредни, со цел да им се одложи операцијата.

Алиу потенцираше дека не се откажува ниту од воведувањето на системот за евиденција на работното време со отпечаток од прст. Овој систем веќе се применува во дел од клиниките, а министерот потсети дека сите лекари и медицински персонал имаат законска и договорна обврска да бидат на своите работни места во текот на работното време.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни