Отворен концерт во Градскиот парк
На 20 јуни, со почеток во 21:00 часот, Оркестарот на Филхармонијата ќе ја изведе музичко-сценската кантата „Кармина Бурана“ од Карл Орф на голема отворена сцена во Градскиот парк. Настанот е свечена завршница на концертната сезона „Без филтер“ и ќе обедини над 200 уметници од регионот.
Регионална музичка елита на една сцена
- Оркестарот на Филхармонијата на РСМ
- Гостувачки музичари од Софиската филхармонија
- Музичари од Државниот симфониски оркестар од Солун
- Хор на Македонската опера и балет (МОБ)
- Детски хор „Пиколо“
- Хор на Музичкото училиште од Солун
Диригент е маестро Најден Тодоров (Бугарија), иницијатор на проектот кој претходно беше реализиран во Софија и Солун, а сега пристигнува и во Скопје.
- Сопран: Ана Дурловски
- Тенор: Николас Спанос (Грција)
- Солист: Иво Јорданов (Бугарија)
Настанот се реализира со поддршка на Министерството за култура и туризам, „Стопанска банка“, „Титан Усје“, „Schweppes“, „Ladna“, Амбасадата на Република Грција во Скопје и Град Скопје.
- Влез: слободен
- Датум и време: 20 јуни, 21:00 часот
- Локација: Градски парк, Скопје
- Свечена завршница на сезоната „Без филтер“ со над 200 учесници на сцената.