Според СВР Куманово, на улицата „Професор Мијалковиќ“ биле пронајдени три малолетни лица — петнаесетгодишно девојче и нејзините двајца помали браќа на возраст од 12 и 9 години — без реакција на допир. Пријавата била примена околу 10:40 часот, по што веднаш биле упатени надлежните служби.
Според првичните информации, постои сомневање дека децата се затруени по вдишување лепак. Тие веднаш биле пренесени во Општата болница во Куманово, каде што им била укажана соодветна медицинска помош. Во моментов не се објавуваат дополнителни детали за нивната здравствена состојба.
Од полицијата информираат дека се преземаат сите неопходни мерки и активности за целосно расчистување на случајот и утврдување на околностите под кои се случил настанот.