Трагичен настан го потресе Куманово откако 66-годишна адвокатка вчера попладне била пронајдена почината во својата адвокатска канцеларија.
Од Секторот за внатрешни работи Куманово информираат дека случајот бил пријавен на 23 јуни 2026 година во 12:23 часот.
„Во СВР Куманово било пријавено дека во сопствената адвокатска канцеларија во Куманово е пронајдена почината С.З.П.(66) од Куманово“, соопштија од полицијата.
На местото на настанот излегла екипа на Итната медицинска помош, чиј лекар констатирал смрт.
По наредба на јавен обвинител, телото на починатата било предадено на обдукција, која треба да ги утврди причините и околностите за смртта.
Надлежните институции преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.