Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 13 возачи за безобѕирно управување возило.
Од нив 11 управувале возило без возачка дозвола (двајца малолетници), а две лица возеле под дејство на алкохол.
Четири лица во Скопје (еден малолетник) управувале возило без возачка дозвола, по две лица во Тетово (еден малолетник) и Куманово и по едно лице во Гостивар, Кочани и Прилеп возеле без возачка дозвола. Додека, по едно лице во Пробиштип и Кавадарци управувале возило под дејство на алкохол.
По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.
Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.