Привремената претседателка на Венецуела, Делси Родригез, прогласи вонредна состојба во земјата откако два исклучително силни земјотреси, во интервал од само неколку секунди, силно го потресоа главниот град Каракас. Според официјалните податоци, првиот потрес бил со магнитуда од 7,2 степени, додека вториот, уште поразурен, изнесувал дури 7,5 степени според Рихтеровата скала.
Спасувачките служби на терен се во трка со времето и ги пребаруваат урнатините на неколку станбени згради во потрага по преживеани. Главниот меѓународен аеродром во Венецуела е целосно затворен за сообраќај поради тешки оштетувања на инфраструктурата предизвикани од последователните силни удари.
Así se vio el Terremoto en caracas VENEZUELA, La pastora se rumora que los temblores continuarán así que todos permanezcan en un lugar seguro y aseguren a sus familiares, DIOS TIENE EL CONTROL😖🙏🏽 pic.twitter.com/aeG9vB7oXT
— BAEZ👑 (@Baeztvshow) June 24, 2026
„Ѕидот пукна, работите паѓаа од таванот“
Сведоците го опишуваат ужасот додека зградите околу нив пукале и се треселе, а луѓето со врисоци бегале на улиците. Пред еден трговски центар во Каракас, сцените биле драматични, а граѓаните во состојба на шок.
„Скалилата се одвоија, целиот ѕид пукна. Работите почнаа да паѓаат од таванот. Беше страшно“, изјави за агенцијата АФП Одалис Ескалона (54), вработена во банка.
„Чекавме да помине, а потоа почнавме да трчаме по подвижните скали“, раскажува Ксенија Гонзалез (52), која во тие моменти тешела една расплакана тинејџерка. „Моравме да почекаме бидејќи премногу се тресеше. Траеше долго“, додаде таа.
Додека луѓето панично бегале од објектите, во позадина се слушале само силни и панични врисоци. Во близина, и жителката на Ла Кастелана, Марија Ромеро, во брзање побегнала од својот стан.
„Силно се тресеше, а звукот беше како некоја длабока, застрашувачка татнеж од земјата“, изјави оваа 48-годишна инженерка.
🚨 New terrifying video shows structures collapsing all around in Caracas, Venezuela. #terremoto pic.twitter.com/gn05DxsTCm
— Luke Brenner (@TheLukeReport) June 24, 2026
Катастрофа во моменти на национален празник
Претседателката Родригез изрази сочувство до жртвите и нивните семејства, но во своето прво обраќање до јавноста не го прецизираше точниот број на загинати.
Американскиот геолошки институт (USGS) веќе издаде драматично предупредување, наведувајќи дека се очекува исклучително голем број човечки жртви и огромна материјална штета, како и дека „катастрофата, по сè изгледа, е од широки размери“.
Ситуацијата дополнително ја влоши фактот што во Венецуела се славеше национален празник. Земјотресите ја погодија земјата во 18:04 часот по локално време, што значи дека во моментот на самиот удар, огромното мнозинство од граѓаните биле во своите домови заедно со своите семејства.
#temblor #Venezuela #Impresionante pic.twitter.com/CRGqjbpTqq
— Alex Rivas (@AlexRivas10) June 24, 2026