Вечерва од 19 часот не пропуштајте ново издание на „Мундокаст“, кое носи интересни разговори со четворица гости од светот на спортот.
Фудбал, одбојка и тенис ќе бидат во фокусот, со анализи, искуства и актуелни теми од домашната спортска сцена.
Во најновата епизода гости се поранешниот македонски фудбалски репрезентативец Срѓан Захариевски, тренерот на ФК Кул, Стефан Здравески, македонскиот одбојкарски репрезентативец Дарко Ангеловски и тренерот на најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа, Димитар Лабудовиќ.
Следете го новото издание на „Мундокаст“ вечерва, со почеток во 19:00 часот.