Свет

Авион полн со туристи почна да чади, па итно слета во Германија

Авион полн со туристи почна да чади, па итно слета во Германија

Авион на британската авиокомпанија Џет2, тип Ербас А321, на лет од Грција кон Лондон, почна да чаде за време на летот, по што екипажот прогласи вонредна состојба.

Откако во кабината беше забележан чад, екипажот испрати повик за помош, а летот беше пренасочен кон аеродромот Ерфурт-Вајмар во Германија, каде што авионот изврши принудно слетување.

Сите 225 патници и седум членови на екипажот беа безбедно евакуирани од авионот и, според досегашните информации, нема повредени.

По евакуацијата, пожарникарите извршија преглед на авионот, но не пронајдоа пожар. Причината за појавата на чадот сè уште не е утврдена.

Патниците се згрижени на терминалот на аеродромот, а се очекува во текот на денот авиокомпанијата да обезбеди замена за продолжување на патувањето кон Лондон. Авионот засега ќе остане во Ерфурт, објави германскиот РТЛ.

Техничарите на авиокомпанијата ќе спроведат темелен технички преглед, а одлуката кога леталото ќе се врати во употреба ќе биде донесена по утврдување на причината за инцидентот.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни