Голем пожар избувна попладнево во околината на Визбегово, при што густ црн чад се издига над местото и е видлив од повеќе делови на Скопје.
Засега нема официјални информации што точно е зафатено од пожарот, ниту што го предизвикало.
Во моментов не е познато дали има повредени лица или е причинета поголема материјална штета.
Се очекуваат повеќе информации од надлежните служби, како и детали за интервенцијата на пожарникарите и причините за избувнувањето на пожарот.