Свет

Хорор во Франција: Во парк пронајдено безживотно тело на новороденче

Хорор во Франција: Во парк пронајдено безживотно тело на новороденче

Француската полиција отвори истрага откако во парк во париското предградие Бобињи беше пронајдено безживотното тело на новороденче. Морничавото откритие било направено по пријава од граѓани кои забележале сомнителни околности.

Според информациите на локалните власти, сведоци виделе лице кое оставило крвава вреќа во паркот Бергер, по што веднаш ја известиле полицијата.

Полициските екипи излегле на местото на настанот и при прегледот на вреќата го пронашле телото на новороденчето. По откритието, случајот веднаш бил предаден на надлежното обвинителство.

Правосудните органи започнаа истрага за сомнение за убиство на малолетно лице и прикривање на тело, додека истражителите работат на утврдување на идентитетот на лицето или лицата кои ја оставиле вреќата.

Во тек е и истрага за причините за смртта на новороденчето, а полицијата собира докази и ги проверува сите околности поврзани со случајот.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни