Македонија

Над 220 јавни фонтани повторно во функција низ Скопје поради топлотниот бран

Над 220 јавни фонтани повторно во функција низ Скопје поради топлотниот бран

Во услови на високи температури што деновиве го зафатија главниот град, граѓаните повторно ќе можат да користат повеќе од 220 јавни фонтани за пиење вода поставени на различни локации низ Скопје.

Од Град Скопје соопштија дека фонтаните биле мапирани, сервисирани и повторно ставени во употреба во соработка со ЈП „Водовод и канализација“. Посочуваат дека дел од нив со години биле нефункционални поради дефекти и недоволно одржување.

Со нивното повторно активирање, граѓаните ќе имаат полесен пристап до вода за пиење на улиците, плоштадите, парковите и другите фреквентни места низ градот.

Од локалната самоуправа најавуваат дека покрај обновувањето на постојните фонтани, во тек се активности и за поставување нови пунктови за вода на повеќе локации.

„Продолжуваме со работа до секој детал, за секој граѓанин“, изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Активноста се реализира во период кога за Скопје е издадено портокалово предупредување поради екстремно високи температури, а здравствените служби бележат зголемен број интервенции поврзани со колапси и здравствени проблеми предизвикани од жештините.

Надлежните апелираат граѓаните редовно да пијат вода, да избегнуваат подолг престој на директно сонце и, доколку е можно, да не излегуваат во најтоплиот дел од денот.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни