Македонија

Поплавен булевар Србија, полицијата забрани пристап – семафорите не работат

Поплавен булевар Србија, полицијата забрани пристап – семафорите не работат

Силното невреме што попладнево го зафати Скопје предизвика проблеми во сообраќајот во повеќе делови од градот.

Поради последиците од невремето, не работат семафорите кај Цементара на булевар „Србија“ и исто така сообраќајот на оваа делница е целосно затворен.

На терен се очекува интервенција на надлежните служби, кои работат на отстранување на последиците и нормализирање на сообраќајот.

Од надлежните се апелира до возачите да ја избегнуваат оваа делница, да користат алтернативни правци и да бидат особено внимателни поради временските услови и можните дополнителни застои.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Стефанија Кузмановска и Тодор Конески 10.06.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни