Македонија

Со 2,88 промили алкохол агресивно се однесувала кон полицајци – приведена 39-годишна скопјанка

Со 2,88 промили алкохол агресивно се однесувала кон полицајци – приведена 39-годишна скопјанка
Фото: 4news.mk

На 28.11.2026 во 04:00 часот на подрачјето на Карпош во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ја привеле Д.П.(39) од Скопје, затоа што агресивно се однесувала кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија.

При преземање мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 2,88 промили алкохол во крвта.

По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што може да руча студент со 140 денари? | „Ноќно студио“ со Бленди Ходаи

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни