Македонија

Пет лица приведени за дрога во Скопје, Прилеп и Велес

Пет лица приведени за дрога во Скопје, Прилеп и Велес
Фото: 4news.mk

Полицијата во текот на изминатото деноноќие спроведе неколку акции на различни локации во земјата, при што се лишени од слобода пет лица кај кои е пронајдена дрога, информираат од МВР.

Во Скопје, на 01.07.2026 година, полициски службеници од СВР Скопје ги привеле Р.О. (23) од село Огњанци, 14-годишен малолетник од Скопје и Н.Р. (40) од Република Косово. Кај нив биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја и марихуана. По целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.

Истиот ден, во 09:00 часот, полицијата од ОВР Прилеп го лишила од слобода Р.А. (41) од село Житоше, општина Долнени. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба од Основен суд Прилеп, била пронајдена марихуана. По документирањето на случајот ќе следува соодветна пријава.

Во раните утрински часови на 02.07.2026 година, во 00:50 часот во Велес, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Велес го лишиле од слобода М.П. (30) од Велес. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба од Основен суд Велес, биле пронајдени и одземени марихуана, бела грутчеста материја, дигитална вага и пари.

Лицето било приведено во полициска станица, а за случајот бил известен јавен обвинител. По негово целосно документирање ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни