На 04.07.2026 во 22:45 часот, во СВР Охрид е пријавено дека А.Ј.(49) од Охрид, починал во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид.
Тој, според пријавеното, претходно бил донесен со тешки телесни повреди, со кои се здобил при пад од кров на куќа, која ја градел на сопствена парцела лоцирана во близина на стариот пат Охрид-Струга.
Полициски службеници извршија увид на местото на настанот.