Македонија

ФОТО Битолчанец паднал во реката Драгор, пожарникарите го извлекле

ФОТО Битолчанец паднал во реката Драгор, пожарникарите го извлекле

Брза интервенција на Противпожарната единица од Битола спречи посериозна несреќа откако утрово битолчанец паднал во коритото на реката Драгор.

Според информациите, пожарникарите веднаш пристигнале на местото и успеале да го извлечат мажот од реката, по што му била укажана лекарска помош.

Очевидци за локалните жители раскажуваат дека во моментот на несреќата неколку лица биле покрај реката и ловеле риби, при што дошло до падот.

Засега нема информации за сериозноста на повредите на мажот, а повеќе детали се очекуваат по официјалните информации од надлежните служби.

ФОТО: АПЛА.мк

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни