Македонија

Фрлена рачна бомба од возило во движење кон ресторан во Тетовско, двајца повредени

Фрлена рачна бомба од возило во движење кон ресторан во Тетовско, двајца повредени

Двајца луѓе се повредени, а причинета е и материјална штета откако рачна бомба била фрлена од возило во движење кон угостителски објект во тетовското село Добарце.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 8 јули 2026 година во 01:20 часот во Полициското одделение Групчин, Д.Ф.(51) од село Добарце пријавил дека од патничко возило „цитроен“ во движење била фрлена рачна бомба кон неговиот ресторан, кој се наоѓа покрај локален пат во селото.

Од експлозијата била предизвикана материјална штета, а со повреди се здобиле Е.А.(57) од село Чифлик и Г.Ф.(60) од село Добарце, кои во моментот на експлозијата се наоѓале во кругот на објектот.

Повредените биле веднаш пренесени во Клиничката болница во Тетово, каде им била укажана лекарска помош.

При увидот што го извршила екипа од СВР Тетово, биле пронајдени и чаури од пиштол, а за случајот бил известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово.

Полицијата презема мерки за идентификација и пронаоѓање на сторителот, како и за целосно расчистување на случајот.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни