Македонија

Уапсен малолетник од скопски Сарај, со остар предмет му нанел тешки телесни повреди на друг малолетник!

Уапсен малолетник од скопски Сарај, со остар предмет му нанел тешки телесни повреди на друг малолетник!
Фото: 4news.mk

На 11.07.2026 во СВР Скопје е пријавено дека околу 15:00 часот пред угостителски објект во с.Сарај, скопско по претходна расправија бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу 14-годишен малолетник и друг малолетник.

По кратко време пред продажен објект се сретнале 14-годишникот и 16-годишен малолетник кој го нападнал со остар предмет при што му нанел тешка телесна повреда, а 14-годишникот му возвратил со тврд предмет и му нанел повреда.

На 12.07.2026 околу 01:35 часот 16-годишиот малолетник е лишен од слобода од полициски службеници од СВР Скопје, извршен е службен разговор во полициска станица во присуство на родител и адвокат и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни