Македонија

Почина 28 годишник откако се повредил при сеча на дрва во дебарско

Почина 28 годишник откако се повредил при сеча на дрва во дебарско

На 13.07.2026 во 14:20 часот во ОВР Дебар е пријавено дека во атарот на дебарското село Горно Мелничани, М.Л.(28) од с.Седларево, се здобил со повреди при сеча на дрва.

Тој со возило на Итната медицинска помош бил пренесен до болницата „Св. Еразмо“ во Охрид, но на пат кон болницата им подлегнал на повредите, а смрт без траги на насилство констатирал доктор од болницата.

На местото на несреќниот случај, увид извршија јавен обвинител, државен трудов инспектор и полициски екипи.

По наредба на јавен обвинител, врз телото на починатиот ќе биде извршена обдукција.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни