Повеќегодишно семејно насилство заврши со кривична пријава против 56-годишен жител на Куманово, кој, според полицијата, под дејство на алкохол психички и физички ги малтретирал членовите на своето семејство.
Од СВР Куманово информираат дека против П.Ц. (56) е поднесена кривична пријава поради сомнение дека го сторил кривичното дело „загрозување на сигурноста“ по член 144 став 3 од Кривичниот законик.
Според пријавата, осомничениот подолг временски период вршел психичко и физичко насилство врз своите најблиски, а на 11 јули годинава психички ја малтретирал сопругата и се обидел физички да ја нападне.
По преземените мерки, П.Ц. бил пренесен на лекување во Психијатриската болница во Демир Хисар.