Дел од зградата на Судската палата во италијанскиот град Болцано се урна утрово, пренесе агенцијата АНСА. Нема жртви.
Уривањето се случило додека во објектот се изведувала темелна реконструкција. Според првичните информации, се срушила најмалку една четвртина од зградата.
Причините за уривањето засега не се познати.