Домаќинството на самитот на НАТО, одржан во Анкара на 7 и 8 јули годинава, му донело на деловниот сектор во турската престолнина приходи од над 900 милиони турски лири (околу 16,8 милиони евра), соопшти директорот на Покраинската дирекција за култура и туризам на Анкара Ерхан Каракаја, цитиран од ТРТ Хабер.
„За време на самитот на НАТО во Анкара повторно покажавме што значи турско гостопримство. Во вкупно 23 хотели во градот во тој период беа остварени приходи од околу 600 милиони турски лири. Кога на ова ќе се додадат и приходите на угостителскиот сектор, ситните трговци и трговските центри, вкупниот економски придонес за Анкара во периодот 1–8 јули ја надмина сумата од 900 милиони лири“, изјави Каракаја, нагласувајќи дека благодарение на настанот градот остварил околу шесткратно зголемување на приходите во однос на истиот период лани.
Според него, во деновите околу самитот на НАТО Анкара прими околу 7.000 странски гости и претставници на странски делегации кои учествуваа на настанот.