Македонија

Измама тешка 28.700 евра во Скопје – ветувал дека ќе врати запленет златен накит

Измама тешка 28.700 евра во Скопје – ветувал дека ќе врати запленет златен накит

Скопјанец пријавил во полиција дека бил жртва на измама, откако наводен службеник во државна институција му зел околу 28.700 евра, ветувајќи дека ќе му помогне да го врати претходно запленетиот златен накит.

Од СВР Скопје информираат дека на 15 јули 2026 година, во 21:30 часот, маж од скопско пријавил дека во периодот од 12 ноември 2024 до 12 јануари 2025 година бил измамен од едно машко лице.

Според пријавата, двајцата се запознале во занаетчиски дуќан во Скопје, каде што осомничениот се претставил како службеник во државна институција. Тој го убедил пријавителот дека преку свои пријатели може да му помогне да го врати претходно запленетиот златен накит, но дека за тоа е потребно да му исплати одредена сума пари.

Верувајќи во неговите тврдења, оштетениот му ги предал парите, а подоцна сфатил дека бил измамен. Од полицијата велат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни