Македонија

УХМР најава: Невреме со силен ветер, грмежи и град до петок

УХМР најава: Невреме со силен ветер, грмежи и град до петок

По неколку топли денови, следува период со нестабилно време и чести промени. Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) најавува дека до петок земјава ќе биде под влијание на влажни и нестабилни воздушни маси кои ќе донесат пороен дожд, грмежи и локални невремиња.

Според прогнозата, времето ќе биде променливо облачно, а на места ќе има нестабилност проследена со пообилни врнежи, силен ветер и изолирана појава на град. Во петок се очекуваат пообилни дождови, а поради продор на постудена воздушна маса од север, температурите значително ќе се намалат.

Нестабилно ќе биде и во Скопје. До крајот на неделата се очекува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и грмежи. Локално во скопската котлина се можни поинтензивни процеси со пороен дожд, засилен ветер и краткотрајно невреме.

Од УХМР предупредуваат граѓаните на внимателност во случај на електрични празнења. Се препорачува избегнување престој на отворен простор и засолнување под осамени дрвја за време на грмотевици.

Надлежните апелираат граѓаните да ги следат временските прогнози и навремено да се информираат за можни локални непогоди.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни