Македонија

МВР со детали за несреќата кај Блаце: Заминале со возило од скопскиот аеродром, по што им се изгубила трагата

МВР со детали за несреќата кај Блаце: Заминале со возило од скопскиот аеродром, по што им се изгубила трагата
Фото: 4news.mk

На 19.07.2026 во 13:40 часот во Полициската станица Бит Пазар, М.Ш.(56) од Косово пријавил дека неговата сопруга Ф.Ш.Т., нејзиниот брат У.Т. и неговата сопруга Џ.К. се исчезнати, односно не можел да стапи во контакт со нив откако на 18.07.2026 во 22:15 часот заминале со возило од Меѓународниот аеродром Скопје.

Веднаш по пријавата за исчезнати, екипи од СВР Скопје од ЕВР Чаир, Центар, и Единицата за интервентна полиција извршија пребарување на камерите на Безбеден град за да се лоцира трасата на движење на исчезнатите лица и возилото кое го користеле, подигнат беше и дрон над трасата поради фактот што беше утврдено дека возилото не ја напуштило државата преку ГП Блаце.

На 19.07.2026 во 22:35 часот во СВР Скопје е пријавено дека на автопатот Граничен премин Блаце – Скопје, кој е затворен за сообраќај и кој е во изградба патничко возило „мерцедес” со германски национални ознаки излетало од патот и се превртело.

Од здобиените повреди на местото на несреќата починале возачот У.Т.(64) од Косово, со живеалиште во Германија и сопатничките Ф.Ш.Т.(56) од Косово и  Џ.К.(54) од Турција, двете со живеалиште во Германија.

Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош, а увид извршиле јавен обвинител и екипа на СВР Скопје.

По наредба на јавен обвинител телата на починатите биле дадени на обдукција.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни