Талентот во семејството Липа не се ограничува само на поп-ѕвездата Дуа Липа, туку се протега и до нејзиниот брат Ѓин Липа, јави „КосоваПрес“.
Објавено е дека дваесетгодишниот Ѓин ќе се искачи на сцената на фестивалот „Сани Хил“, заедно со истакнати странски и домашни изведувачи.
Од продуцирањето на нумери како „Скери“ за двојката А1 х Џ1 до настапи на големи фестивали, косовскиот диџеј во последните години стекна сериозно признание.
Оваа година имаше згуснат распоред, настапувајќи на забавата по доделувањето на наградите „БРИТ“ заедно со сестрите Дуа и Рина Липа, како и на дводневниот фестивал „Хангар“ во Брисел.
Публиката на „Сани Хил“ го памети по успешната соработка со Ледри Вула, а се очекува и годинава да донесе иста енергија на фестивалот.