Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) излезе со ново предупредување за нестабилно време, информирајќи дека невреме кое во моментов е активно над Албанија и Косово се движи кон територијата на Македонија.
Според УХМР, се очекува овој бран на нестабилност да биде проследен со пообилни врнежи од дожд и појава на град, додека ризикот од силен ветер е помал во однос на невремето што претходно го зафати земјава.
Метеоролого Борис Секирарски вели: Вечерва, вторник! Втор бран лошо време. Сега е зад Шара и ќе премине преку Полог и Скопје!
Надлежните препорачуваат да се избегнува престој на отворено за време на невремето и да се преземат мерки за заштита на имотот и земјоделските посеви.