Македонија

Симболот кој пркоси на времето: Невремето го „разниша“ часовникот на Музејот на град Скопје токму пред годишнината

Симболот кој пркоси на времето: Невремето го „разниша“ часовникот на Музејот на град Скопје токму пред годишнината

Денеска, кога главниот град ја одбележува 63-годишнината од катастрофалниот земјотрес што се случи во 5:17 часот наутро, Скопје се потсетува на приказната за застанатиот часовник на Старата железничка станица, денес Музеј на град Скопје.

Овој најмаркантен симбол на некогашното Скопје неодамна се најде на удар на временските непогоди.

Незапаметено невреме кое го погоди главниот град предизвика оштетувања и на овој препознатлив историски споменик.

Под силните удари на ветерот и поројниот дожд претрпел оштетувања легендарниот часовник кој со децении стои замрзнат во 5:17 часот како вечен потсетник на трагедијата од 1963 година.

Сепак, вчера низ центарот на Скопје, противпожарните служби беа забележани на терен како ги санираат преостанатите последици од невремето кое пред неколку дена го зафати градот.

Екипите брзо реагираа и беа снимени како работат на висина за да го поправат и заштитат оштетениот часовник на Музејот на град Скопје, со цел тој да остане безбеден и да продолжи да сведочи за историјата на Скопје.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни