Македонија

Сончево со мала облачност, температурите до 35 степени

Сончево со мала облачност, температурите до 35 степени

Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, наместа повремено засилен ветер во западните делови од западен, а долж Повардарието од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 16, а максималната ќе достигне од 28 до 35 степени.

Во Скопје, сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 32 степена.

Следува период на сончево и топло време со мала до умерена облачност во текот на денот. Во понеделник се очекува повремен локален дожд и наместа услови за појава на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни