Македонија

Ако патувате за Грција, внимавајте: Границите утре ќе работат со ограничувања

Ако патувате за Грција, внимавајте: Границите утре ќе работат со ограничувања

Патниците кои утре планираат да патуваат кон Грција треба да се подготват за можни задржувања на граничните премини, поради најавениот штрајк на грчките царински службеници.

Според информациите објавени од локалните медиуми, штрајкот ќе трае четири часа, од 5:00 до 9:00 часот по македонско време (од 6:00 до 10:00 часот по локално време во Грција), период во кој сите гранични премини ќе работат со ограничен режим.

Во текот на штрајкот, патничките возила ќе бидат пропуштани на секои десет минути, додека товарните возила нема да можат воопшто да ја преминат границата.

Ограничувањата ќе важат и на трите гранични премини меѓу Македонија и Грција – „Евзони“ („Богородица“), „Дојрани“ („Дојран“) и „Ники“ („Меџитлија“).

Се очекува штрајкот дополнително да ги зголеми колоните и времето на чекање на граничните премини, особено поради зголемената фреквенција на патници во екот на летната туристичка сезона.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни