Македонија

Мицкоски: Скопје памети, Македонија не заборава – вечен спомен за жртвите од земјотресот

Мицкоски: Скопје памети, Македонија не заборава – вечен спомен за жртвите од земјотресот

Премиерот Христијан Мицкоски денеска со порака на сеќавање и почит кон жртвите од катастрофалниот земјотрес што го погоди Скопје на 26 јули 1963 година.

Мицкоски истакна дека трагичниот настан оставил неизбришлива болка, но истовремено покажал дека со единство и солидарност можат да се надминат и најтешките предизвици.

„Денес, со длабока почит и пиетет, се сеќаваме на жртвите од катастрофалниот земјотрес што го погоди Скопје на 26 јули 1963 година“, порача премиерот.

Тој потсети дека помошта која пристигнала од целиот свет и солидарноста што ја покажале граѓаните по трагедијата, засекогаш го врежале Скопје како симбол на надеж, достоинство и заедништво.

„Денес наша обврска е да го чуваме тоа наследство, да градиме посилна, побезбедна и поразвиена држава, во која животот, безбедноста и доброто на граѓаните ќе бидат највисок приоритет“, наведе Мицкоски.

На крајот од пораката, премиерот упати почит кон сите кои ги загубиле животите во разорниот земјотрес.

„Нека е вечен споменот на сите што ги загубија животите. Скопје памети. Македонија не заборава“, порача Мицкоски.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни