Човечки череп и други предмети биле пронајдени во близина на македонско-албанската граница, во атарот на селото Лабуништа, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Според информациите, на 25 јули 2026 година полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор во Лабуништа, при извршување на службени активности кај Подгоречкото Езеро, го пронашле черепот и предметите.
Локацијата се наоѓа во близина на границата со Албанија, а за случајот се известени надлежните институции.
Во соработка со други надлежни служби се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот и утврдување на сите околности поврзани со пронајдените останки.