Македонија

Несреќа во Тетово: Чичко ненамерно го прегазил внукот со автомобил

Несреќа во Тетово: Чичко ненамерно го прегазил внукот со автомобил

На 26.07.2026 во 20:30 часот во СВР Тетово од Клинички центар Тетово било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен 27-годишниот М.З. од Тетово.

Во разговор со полициски службеници, тој изјавил дека околу 19:00 часот во нивниот двор, неговиот чичко С.З.(61) од Тетово ненамерно го прегазил на ногата со патничко возило, кое го управувал наназад, при што се здобил со повредите.

М.З. побарал да не се поднесува пријава затоа што било несреќен случај.

Полициски службеници излегле на местото.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни