Општина Кисела Вода ги известува граѓаните дека вечерва, 30 јули, ќе се спроведе акција за прскање против комарци на целата територија на општината.
Акцијата ќе се реализира во периодот од 22:00 до 00:00 часот, а од локалната самоуправа апелираат до граѓаните, доколку се во можност, во тој временски интервал да ги држат затворени прозорците и вратите, со цел прскањето да се изврши безбедно и ефикасно.
Од Општина Кисела Вода им се заблагодаруваат на жителите за разбирањето и соработката.