Македонија

Инфлацијата во јули изнесува 0,1 процент, на годишно ниво трошоците за живот повисоки за 2,3%

Инфлацијата во јули изнесува 0,1 процент, на годишно ниво трошоците за живот повисоки за 2,3%

Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во јули годинава бележи минимален раст од 0,1 процент во споредба со претходниот месец, објави Државниот завод за статистика (ДЗС).

Месечни промени по сектори (јули во однос на јуни)

  • Зголемување на цените: Најголем раст на трошоците е забележан во секторот транспорт, кој пораснал за 4,4 проценти. Постпен раст бележат и услугите во рекреацијата и културата, домувањето, како и угостителските услуги.
  • Намалување на цените: Највисок пад е евидентиран кај храната и безалкохолните пијалаци, чии цени се намалиле за 1,1 процент, а падот го следат и трошоците за покуќнина и опрема за домаќинствата.

Годишна стапка на инфлација

Споредено со истиот месец минатата година (јули 2025), трошоците на животот се зголемени за 2,3 проценти, додека цените на мало на годишно ниво бележат раст од 1,8 проценти.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни