Центар за управување со кризи информира за пожари на отворен простор до 13:00 часот:
Како што велат, регистрирани се вкупно 9 пожари на отворен простор, од кои 5 се активни, 1 е под контрола, а 3 се изгаснати.
Активни пожари 5:
Општина Аеродром – с. Горно Лисиче (ниска вегетација, дрва и пченка);
Општина Илинден – автопат Скопје–Велес, спроти БП „Макпетрол“ (ниска вегетација);
Општина Босилово – с. Турново (стрниште);
Општина Крива Паланка – на излезот од Крива Паланка (депонија);
Општина Гостивар – с. Симница (ниска вегетација, стрништа и грмушки).
Пожари под контрола 1:
Општина Зелениково – над с. Зелениково (шума, ниска вегетација).
Изгаснати пожари 3:
Општина Сарај – с. Грчец (ниска вегетација);
Општина Прилеп – Нови градски гробишта (ниска вегетација);
Општина Кичево – с. Црвивци (стрниште).