Македонија

Скопјанец загина во тешка несреќа на патот Гостивар – Кичево

Скопјанец загина во тешка несреќа на патот Гостивар – Кичево

На (08.08.2026) околу 17:10 часот во Полициската станица Гостивар e пријавено дека на магистралниот пат Гостивар – Кичево се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „пежо“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Н.С.(34) од с.Маврово, гостиварско и патничко возило „опел астра“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ѓ.П.(63) од Скопје.

Во несреќата, од здобиените повреди на местото починал возачот на возилото „опел астра“, Ѓ.П. (63), а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт.

Возачот на возилото „пежо“, Н.С.(34) се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Ургентен центар во Гостивар за укажување лекарска помош.

Увид на местото извршиле екипа од ОВР Гостивар и јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар, по чија наредба телото на починатиот било дадено на обдукција.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни